Mакедонската одбојка го живее сонот и годинава иако двете репрезентации почнаа со порази во Европската лига.
Резултатите за мажите не се приоритет, туку формата за Европското првенствокоешто ќе биде одржано и кај нас, но се уште постои впечаток дека националниот состав предводен од селекторот Jошко Mиленкоски може да ја направи интересна групата во златниот сегмент од континенталното натпреварување.
Првите два сета во Лоѓ во саботата покажаа дека Mакедонија може да се надигрува со објективно посилни противници. Украинците, кои беа четвртфиналисти на последнот светско, а на претходните две европски првенства ја минуваа групата и еднаш беа седми, не совладаа на една топка заводство од 2-0, а третиот сет повеќе беше во функција на тоа стручниот штаб да отстрани некои тактички дилеми пред претстојните два натпревара во Скопје.
В среда ни доаѓа Белгија, која е редовно на конетиненталните собири, на Светското првенство во 2018-та играше и во втората фаза, а го освои златото во единствената Европска лига во 2013-та. Тоа се податоци за почит, но не и за страв, затоа што сегашната генерација на селекторот Емануеле Ѕанини е подмладена. А тоа може да значи шанса за наша радост.
Затоа, навивајте за Македонија во „Борис Трајковски“, в среда од 20 часот и 15 минути, откако претходно дамите ќе играат со Летонија од 17 и 30, во првиот натпревар од двојната програма. Влезот е слободен!!!