Младинскиот состав на Еурофарм Пелистер продолжува да го носи македонскиот ракомет на европската мапа. Тимот од Битола се пласираше на завршниот турнир во првото историско издание на младинската Лига на шампиони, кој ќе се одржи на 14 и 15 јуни во „Ланксес Арена“ во Келн.
Младите „пелистерци“ на импресивен начин си го обезбедија местото меѓу четирите најдобри. Во групната фаза во Букурешт славеа над полскиот гигант Келце со убедливи 37-29, а потоа во трилер завршница го совладаа и домаќинот Динамо Букурешт со 37-36. Со две победи од два меча, тимот заслужено се најде меѓу елитата
Завршниот турнир ќе се игра паралелно со сениорскиот Ф4, што дополнително ја засилува тежината на ова достигнување.




