Главниот град на Македонија ќе биде центарот на европскити џудисти од 26 до 29 јуни оваа година, кога ќе се одржи Европското првенство за кадети во организација на Европската Џудо Унија (EJU).
Под слоганот „Младите ѕвезди на иднината“, овој престижен настан ќе ги собере најдобрите млади џудисти од целиот континент, кои ќе се натпреваруваат за европските медали и ќе ја покажат својата сила, техника и спортски дух.

Согласно одбројувањето објавено на официјалната страница на EJU, остануваат уште точно два месеца и девет дена до стартот на првенството. Ова претставува одлична можност за македонските спортисти да се претстават на домашен терен, но и за љубителите на спортот да уживаат во натпревари на високо ниво.
Настанот има големо значење за промоцијата на џудото во земјата, како и за афирмацијата на младите спортски таленти од Македонија и пошироко.




