ЖФК СЦ Истатов од Нов Дојран ја враќа во своите редови младата репрезентативка на Македонија, Дренуше Ајдини која што изминативе шест месеци беше дел од ЖФК Љуботен од Тетово.
Поради преголема конкуренција во тетовскиот клуб и новите засилувања, токму на младите им е потребна минутажа и 18-годишната Ајдини се реши да ги брани боите на истатовки.