Победата на Аргентина против ДР Конго од 28:22 беше меч кој се следеше со големо внимание, бидејќи таму се појави нова ѕвезда на ракометното небо и тоа поради несекојдневниот изглед.
ДР конго за прв пат во историјата настапува на едно ракометно Светско првенство.Човекот за кого зборува цела ракометна јавност е кружниот напаѓач Тјери Мвумби Готие. Неговиот изглед е причина за сеир на фановите на социјалните мрежи, кои не можат да поверуваат дека станува збор за професионален ракометар.
Мвумби стана ѕвезда по социјалните мрежи откако се појавија негови слики од мечот со Аргентина. Килажата не му пречи, тој даде 4 гола од 4 обиди. Роден е во 1994 година во Франција, има 26 години и игра во втората француска лига.
Видео: https://twitter.com/TheZokiPoki



