Младата ракометна репрезентација на Македонија ја отвори ЕХФ неделата со важна победа над Словачка – 31:28, во првиот од двата контролни натпревари што се играат во Скопје.
Избраниците на селекторот Наум Танески покажаа борбеност и дисциплина во текот на целиот меч, навестувајќи дека оваа генерација има сериозен потенцијал, иако настапи без лидерите на оваа генерација Дамјан Митев , Самоил Ристовски и голманот Ѓорѓи Николовски.
Мики Лазов беше најрасположен стрелец со 7 гола, додека Јулијан Матески постигна 6 погодоци. По 4 гола запишаа Христијан Гурмешевиќ и Лука Ѓорѓиевски.
Вториот дуел меѓу Македонија и Словачка се игра утре, повторно во Скопје, а Танески ќе има нова можност да ги испроба сите свои адутите во подготвителниот циклус.




