Кадетската репрезентација на Македонија триумфално ги започна квалификациите за М18 ЕХФ Еуро, совладувајќи ја Финска со 36-29 (13-15) и направи голем чекор кон пласман на Европското првенство што ќе се одржи идниот јули.
Иако резултатот може да создаде впечаток за лесен натпревар, „црвено-жолтите“ водеа вистинска битка против борбената селекција на Финска. Скандинавците успеаја да ја свртат играта и да заминат на полувреме со предност од два гола (15-13), но избраниците на Македонија одиграа феноменално второ полувреме.
Со агресивна одбрана и ефикасен напад, нашите млади ракометари направија целосен пресврт и доминираа до крајот на мечот.
Најдобри стрелци кај нас беа Јован Петрески со 10 голови и Поповски со 9. За Финска се истакнаа Кнапиен и Илман со по 8 погодоци.
Со оваа победа, Македонија ја зацврсти фаворитската улога во групата и е на чекор од обезбедување место на континенталниот собир!




