Македонската младинска ракометна селекција до 20 години продолжува со серијата позитивни резултати во контролите против Словачка, забележувајќи втора победа во два дена. По вчерашниот триумф, избраниците на селекторот Наум Танески и денеска беа подобри, славејќи со 32-28.
Македонија настапи без неколку стандардни имиња – Дамјан Митев, Самоил Ристевски и голманот Ѓорѓи Николовски. И покрај тоа, нападот повторно функционираше одлично. Најефикасен беше Давид Јаневски со седум гола, а Јулијан Матески и Мики Лазов постигнаа по четири.
Овие две контролни средби се дел од циклусот подготовки за претстојното Европско првенство за младинци кое идното лето ќе се одржи во Романија.




