Епитетот „најскапиот фудбалски натпревар“ дефинитивно го има финалето на плејофот на англискиот Чемпионшип односно натпреварот што го одлучува третиот патник во Премиер лигата.
Оваа сезона, во финалето, традиционално одиграно на „Вембли“, се соочија две западнолондонски екипи – Фулам и Брентфорд.
После сиромашните деведесет минути, резултатот остана 0-0, а во продолжението, Џоу Брајан му ја донесе победата на Фулам од 2-1. Двата гола (105′ и 117′) беа дело на Англичанецот, кој ги постигна своите втор и трет гол сезонава. Првиот од нив беше спектакуларен неочекуван шут од слободен удар од триесетина метри што го најави враќањето на тимот од „Крејвен Котиџ“ во Премиер лигата. Стрелец за Брентфорд беше Хенрик Далсгорд во 124. минута.
За Брентфорд, ова беше деветти загубен настап во плејофите што е најмногу од сите професионални англиски екипи.
Освен Фулам, наредната сезона, премиерлигаши ќе бидат Лидс и ВБА.