Порто славеше на домашен терен против Брага со 34-25, во натпревар од петтото коло оф плеј-офот во Португалија. Спортинг е лидер со 46 бодови, додека Порто останува на второто место со 44 бодови и сеуште останува во трка за титулата.
Никола Митревски беше одличен на голот на Порто и со 12 интервенции и 50 % успешност на одбранети удари беше еден од најзаслужните за победата на неговиот тим.
Клучниот натпревар е наредниот викенд каде Порто гостува кај лидерот Спортинг и со победа ќе може да стигне до титулата шампион во Португалија.




