Уште еден успешен викенд за Џудо Клуб Дрим од Струга каде се освоени 11 медали на два меѓународни натпревари во Грција и Црна Гора.
На меѓународниот натревар Аминдео во Грција, учество зедоа 8 џудисти кои се закитија со 8 златни медали и тоа: Дарио Стојанов, Божидар Коцев, Софија Матлиоска, Ајлин Бајрамоска, Леон Салви, Сергеј Блажески, Лука Трца и Дарко Антониевски.
На меѓународниот натпревар во Подгорица, Црна Гора, учество зедоа 6 џудисти од кои со медал се закитија: Мартина Салви (злато), Мила Стојанова (бронза) и Анамарија Стојмиловска (сребро). Михаил Недески, Јован Наумоски, Матеј Димитровски прикажаа одлични и храбри борби но не успеаа да се закитат со медал.




