.„Пред почетокот на турнирот реков дека ние сме аутсајдери, но чувствував дека формата на екипата оди по нагорна линија. Играчите беа полни со самодоверба. Секој ја знаеше својата улога на теренот. Не сакам да се фалам, но не е мала работа да се победат Вардар и Пелистер, Натпреварите во купот секаде носат изненадувања. Мислам и дека заслуживме да дојдеме до овој успех кој ќе биде поттик за нас да работиме уште повеќе“, изјави Лазаров после освојувањето на првиот тренерски трофеј во кариерата.
Кире Лазаров, го освои првиот тренерски трофеј во кариерата, откако Алкалоид во финалето на Купот го победи Пелистер на пенали со 25:23.
Алкалоид до историскиот триумф дојде во полуфиналето го победи Вардар 1961, а во финалето Еурофарм Пелистер.
Претходно Лазаров како селектор успеа Македонија да ја одведе на Светското првенство и да надополни -7 против Фарски Острови.