Сениорска машка репрезентација на Македонија пред заминувањето на Светското првенство во Полска и Шведска одржа прес конференција на која беа присутни селекторот Кирил Лазаров, голманот Никола Митревски и левиот бек Филип Талевски.
На Светското првенство никого нема да прецениме, никого нема да потцениме. Мислам дека имаме самодоверба, знаеме што сакаме, тактички добро сме подготвени, физички исто така верувам дека сме подготвени. Желбата кај сите е да се претставиме во што подобро светло, да се носиме со големите репрезентации. Да го дадеме последниот атом од силите на секој натпревар за да победиме и да обезбедиме пласман во следната фаза – изјави голманот на нашата селекција, Никола Митревски.