Довчерашната членка на ЖФК Ас Јунајтед од Струга, Сања Митреска – Сани е прво официјално зимско големо засилување за ЖФК Љуботен од Тетово. Митреска настапуваше за тетовчанки пред само шест месеци, каде што повторно се врати во Струга, но сега одново патот ја однесе во тимот на ЖФК Љуботен.
Митреска игра на позицијата стопер, репрезентативка е на националниот тим до У-19 и е една од најдобрите дефанзивни играчи во домашниот шампионат. Љуботен со овој трансфер не застанува тука, бидејќи во овој клуб ќе има уште неколку засилувања некои и од странство.



