Историски медал за македонскиот олимписки спорт и секако за македонското олимписко таеквондо, Дејан Георгиевски е Европски вицешампион со освоен сребрен медал на сениорското европско првенство во Сараево,Бих во Олимписко таеквондо.
Георгиевски во финалето постојано бил во водство, но на крај тесно е поразен со резултат од 19:18. Во финалето беше поразен од поранешен светски шампион Махди Кобадабакши иранец кој се бори под знамето на Србија.
Пред да стигне во финалето нашиот репрезентативен таеквондист ги совлада: Во прва борба победа над Андреј Гарбар (УКРАИНА) 11:4. Втора борба победа над Динко Шегедин (БОСНА) 12:7. Трета борба победа над Рос Даниел (ШПАНИЈА) 11:4. Да потсетиме Дејан Георгиевски 2017 години беше европски сениорски шампион со пет победи на само 18 годишна воздраст.



