Македонската ракометна репрезентација вeчер од 19 часот во салата “Борис Трајковски” во Скопје пред домашната публика ќе го одигра првиот бараж дуел со селекцијата на Романија.
„Сме играле многу баражи и квалификациите. Романија е познат противник, игравме бараж со нив во 2018 година. Се работи за еден незгоден противник, го добивме можеби најтешкиот ривал. Добро е што после подолго време ќе играме пред полна сала, се надевам на голема поодршка. Натпреварот утре за нас е поважниот затоа што играме дома. Се надевам дека ќе одиме на двомеч со Чешка и ќе биде успешни и во тој двомеч затоа што тој ќе биде последен за мене и Кире Лазаров. Можеби постои мал притисок затоа што ќе се вратиме назад со евентуален пораз, но сите сме доволно искусни“, изјави Филип Миркуловски.




