Македонската ракометна репрезентација вeчер од 19 часот во салата “Борис Трајковски” во Скопје пред домашната публика ќе го одигра првиот бараж дуел со селекцијата на Романија.
Сметам дека и покрај подмладувањето имаме „стари борци“ и искусни играчи кои знаат како се играат бараж натпреварите. Спортот е непредвидлив, ќе го искористиме периодот да се подготвиме. Мило ми е што по толку време ќе имаме поддршка од навивачите кои се надевам ќе ни бидат „ветар во грб“. Ќе не понесат емоции и адреналин, а така можеме да направиме добар резултат пред реваншот во Букурешт. За мене позитивен резултат ќе значи победа, без оглед на разликата. – изјави селекторот Кире Лазаров.



