Македонската ракометна репрезентација вeчер од 19 часот во салата “Борис Трајковски” во Скопје пред домашната публика ќе го одигра првиот бараж дуел со селекцијата на Романија.
Дуелот со Романија е од големо значење за нас, за продолжување на баражот, а потоа да играме меч со на Чешка за пласман на Светското првенство. Двата натпревара со Романија ќе бидат тешки, без разлика каде се играат. Можеби нема да понудат ракомет убав за очи, но сигурно нема да недостигаат голема борба и максимално мотивирана Македонија. Ќе мораме да го искористиме што подобро првиот дуел, кој се игра пред наша публика, но, сепак, сѐ ќе се решава во реваншот во Букурешт. – изјави македонскиот репрезентативен пикер Жарко Пешевски.