Македонската фудбалска репрезентација вчера во Лихтенштајн против аутсајдерот славеше со високи 0:4. За А репрезентацијата дебитираше Бојан Миовски член на МТК во Унгарија.
„Мислам дека рано го отвориме Лихтенштајн. Утнавме неколку шанси пред да постигнеме гол, а потоа се беше полесно. Ова е селекција која е спој на младост и искуство, и постарите многу ни помагаат како на терен, така и надвор од него. Сега ни следува Германија, нема играч за кого оваа селекција не е мотив сама по себе.
Ние нема што да загубиме, ќе дадеме се од себе, да ги исполниме само задачите на селекторот. Чест е и задоволство што сум дел од А репрезентацијата, што дебитирав за неа, и ќе се потрудам и во иднина да ја оправдам довербата која ми е дадена од страна на селекторот“ – изјави Бојан Миовски.



