Македонија ќе биде еден од кодомаќините на Европското одбојкарско првенство, кое ќе започне денес во салата „Борис Трајковски“ во Скопје. Македонија ќе биде во групата заедно со Данска,Полска, Холандија, Чешка и Црна Гора, а пласман во втората рунда ќе обезбедат најдобрите четири пласирани. Нашата најдобри одбојкари првенството ќе го стартуваат против Данска вечерва од 20 часот.
Капитенот Никола Ѓорѓиев верува дека шансата треба да ја бараме против Данска и Црна Гора.
Среќен сум бидејќи добро работевме, одигравме добри натпревари, немавме проблеми со повреди, па максимално подготвени влегуваме на ова европско првенство. Тешка е групата, јасно е дека Полска е прв фаворит пред Холандија и Чешка. Данска и Црна Гора се на наше ниво. Треба да влеземе позрело за разлика од претходните европски првенства, да биде помоудри, да имаме трпение и заедно со цела Македонија, со цел „Борис Трајковски“ да се радуваме на победа.Од името на играчите се заблагодаруваме на цела македонска јавност, ние живееме за ова, најмногу од сите ја посакуваме победата“ – изјави капитенот Никола Ѓорѓиев