Репрезентативниот напаѓач Милан Ристовски за подготовките на македонската А репрезентација во пресрет на натпреварите против Лихтенштајн и Германија од квалификациите за СП 2023.
„Секој натпревар е сам по себе тежок. Мислам дека треба да го дадеме својот максимум за да оствариме добар резултат. Кога играте за репрезентација и ја претставувате државата притисокот секако постои, но секој фудбалер се носи со тоа и треба да го има. Лихтенштајн е еден од најважните натпревари и се подготвуваме за тоа “.



