
По четирите откажани воведни трки од новата сезона на Светскиот куп во алпско скијање во женска конкуренција, денес беа доделени првите бодови.
Имено, во финскиот Леви, на денешната програма беше првото натпреварување во слалом.
До победа на најтехничката дисциплина дојде Микаела Шифрин (1:51,25), која славеше по 75. пат во својата кариера.
На второто место заврши Ана Свен-Ларсон (+0,16), пред Петра Влхова (+0,20), а водечката после првата серија, Лена Дир (+0,75), заврши на четвртата позиција.
Во продолжение, во првите десет се пласираа уште: Венди Холденер (+0,79), Ана Буцик (+1,21), Сара Хектор (+1,32), Теа Луиза Стјернесунд (+1,38), Хана Аронсон Елфман (+1,44) и Леона Поповиќ (+1,70).
Од фаворитките, без пласман во втората серија останаа Марија Терезе Твиберг, Пола Молтцан и Мишел Гизин.