Петтиот овосезонски слалом, односно втор во 2021 година, од Светскиот куп во алпско скијање во женска конкуренција се одржа денес во австрискиот ски-центар Флахау.
После првата серија, првите четири скијачки се наоѓаа во 33 стотинки, додека сите останати доцнеа над една секунда.
Токму истите конкурентки се бореа за победата во втората серија. Накрај, до рекордната 44. победа во слалом, дојде Микаела Шифрин (1:47,92), која, за само 19 стотинки, ја оттргна Катарина Линсбергер од првата победа во кариерата.
На третото место се пласираше Венди Холденер (+0,43), а поради две ситни грешки, Петра Влхова (+0,62) го изгуби подиумот.
Во продолжение, освен петтопласираната Мишел Жизен (+1,52), сите останати натпреварувачки доцнеа над две и пол секунди во однос на Шифрин.
📸 Christophe Pallot/Agence Zoom/Getty Images



