Во рамките на Супер купот на Шпанија во полуфиналето тимот на Леванте оствари триумф над тимот на Логроњо со 3:1. Иако Логроњо водеше со 0:1 со голот на Бохо Сајо во 28 минута сепак на полувреме се замина со реми по голот на Гонзалез Родригез во 34 минута.
Целосен пресврт се случи со голот на Наваро во 60 минута, а откако најдобрата македонска фудбалерка, Наташа Андонова доби шанса за настап од 64 минута, веќе во 73 минута, Андонова го постигна голот за 3:1 со кој што нејзиниот тим отиде на недостижна предност. Во тимот кога настапува нашата репрезентативка Леванте секогаш пружа одлични натпревари така и овој пат.