Екипата на Мидлсброу, во склоп на 14. коло од англискиот Чемпионшип, ја продолжи негативната серија на Кардиф од осум последователни порази.
Велшаните, на домашен терен, загубија со 0-2 од Мидлсброу и ја ставија под огромен знак прашалник тренерската позиција на Мик МекКарти.
На мечот, најпрво, словенечкиот интернационалец, Андраж Шпорар (35′), погоди од пенал, а во второто полувреме, Мартин Пајеро (74′) го постави конечниот резултат со својот дебитантски погодок.
Освен стрелците, голем придонес во играта на ,,Црвените” имаше Сол Бамба со 31 допир, со 10/13 освоени дуели и со 13 расчистувања.
Со новите три поени и со натпревар повеќе во однос на конкурентите, Мидлсброу скокна на седмото, а Кардиф остана на дваесет и првото место.