Во драматичен натпревар натпревар Струга и Пелистер 2 одиграа без победник 30-30 во 8. коло од ракометната Суперлига на Македонија. Домаќините бодрени од навивачката група ‘Паткари” одиграа одличен натпревар против силниот тим сезонава од Битола.
Кај домаќините со 8 гола најпрецизен беше Владан Кастатовиќ пред Бобан Блажески со 7 гола . На голот на домаќинот одличен беше Никола Матовиќ. Кај гостинот најдобар беше Цветан Кузманоски со 9 погодоци.