Автомобилот е наменет за американскиот пазар, а како погон го користи twin-turbo V8 моторот кој испорачува 835 коњски сили (614 kW) и 800 Nm максимален обртен момент. Тоа е доволно овој фантастичен двосед да развие максимална брзина од 351 километар на час.
Како што велат од McLaren, станува збор за најмоќниот автомобил на компанијата досега, не сметајќи ги моделите со хибриден погон кои покрај бензинскиот мотор користат и електромотори. Цената засега не е соопштена, како ниту датумот на почетокот на производството.



