НБА легендата Чарлс Баркли во емисија во живо се обложи во 100.000 долари дека екипата на Портланд Трејблејзерс ќе се пласира во големото финале. Блејзерс сезонава ја отворија со убедлив пораз од Јута џез со 20 поени разлика, но Баркли верува дека имаат квалитет да бидат прваци на Западот, дури и рече дека е подготвен да се обложи дури во 100 илјади долари. Членот на оригиналниот Дрим-тим на Сад од 1992 година би вложил 100.000 долари дека Портланд ќе игра во големото финале.