Во периодот од 12 до 15 август на ракометното игралиште покрај женска плажа во Струга “Горан Попоски- Бабец” се одржува 49-то издание на Меѓународниот ракометен турнир во Струга.
Еден од тие кои имаат двоцифрен број учества на турнирот е тренерот на Металург, Иван Марковски. За www.javisejuzna.mk Марковски изјави:
Во Струга се чуствувам како да сум дома. 10 пати сум учествувал на струшкиот ракометен турнир во дресот на Пелистер и во дресот на младинската репрезентација на Македонија. Ова ќе биде мое второ учество како тренер. Првпат бев на турнирот 2017 година како тренер на Еурофарм Работник.