Во периодот од 12 до 15 август на ракометното игралиште покрај женска плажа во Струга “Горан Попоски- Бабец” се одржува 49-то издание на Меѓународниот ракометен турнир во Струга.
Еден од најдрагите гости во Струга е Веселин Вујовиќ моментално тренер на Вардар, кој кога и да гостува било како играч или тренер е магнет за публиката. Популарниот Вујо за www.javisejuzna.mk изјави:
Многу јa сакам Струга и уживам на отвореното игралиште покрај женска плажа и порано како играч, а и сега како тренер. Ова ќе биде мое 8 учество на Струшкиот ракометен турнир. Петпати учествував како ракометар, а веќе трет пат како тренер. Стружани се гледаме.