Во периодот од 12 до 15 август на ракометното игралиште покрај женска плажа во Струга “Горан Попоски- Бабец” се одржува 49-то издание на Меѓународниот ракометен турнир во Струга.
Од сите кои се на турнирот најмногу настапи и како играч и како тренер има тренерот на домашните Наум Танески кој за www.javisejuzna.mk изјави:
Ова ќе биде 49.то издание на струшкиот ракометен турнир. Јас израснав со турнирот во Струга на ракометното игралиште покрај женска плажа гледајќи многу големи имиња, а сега тука растат и моите деца. Првпат во дресот на Струга на турнирот заиграв уште 1994 година година. Во улога на тренер првпат се појавив 2014 година. Чест ми е што годинава ќе го отвориме турнирот против двократниот европски првак Вардар