
Првата трка во новата сезона од Светскиот куп во алпско скијање беше одржана во Зелден, Австрија, во дисциплината велеслалом.
На неа, после прогресот од две позиции благодарение на втората серија, до триумф дојде Швајцарецот Марко Одермат (2:05,94).
Изненадувачки, до првиот подиум во велеслалом во Светскиот куп стигна Австриецот Роланд Лајтингер (+0,07), а само три стотинки зад него беше Словенецот Жан Крањец (+0,10).
Актуелниот шампион, Алексис Пантуро (+0,62), го освои петтото место, а помеѓу него и пиедесталот се пласираше Џино Кавиецел (+0,39).
Најдобар во втората серија беше победникот од минатата година, Лукас Браатен (+0,72), кој напредна за дванаесет позиции и заврши како седми.
Во првите десетмина, пласман изборија уште Ривер Радамус (+0,68) како шести, односно Лука Де Алипрандини (+0,79), Филип Зубчиќ (+0,89) и Расмус Виндингштад (+0,92).