Македонскиот вицепрвак Алкалоид на гостувањето во Охрид забележа победа со 22:28 (полувреме 10:16). Тимот на селекторот Кире Лазаров одигра одличен натпревар и сосема заслужено славеше на гостувањето во „Билјанини извори“.
Најдобар ракометар на теренот беше репрезентативецот Марко Митев кој со 9 голови го водеше Алкалоид до голема победа. Кај домаќините се истакна Цирар со 6 погодоци.