Ерик Максим Чупо Мотинг нема да игра за Камерун во претстојните квалификации за Купот на Африканските нации, поради бизарна грешка на административниот тим на камерунската фудбалска федерација.
Имено, наместо на напаѓачот на Баерн Минхен, мејлот во кој била поканата за повик во репрезентацијата, од таборот на Камерун сами себе си ја пратиле истата покана, а потоа биле лути поради што Чупо Мотинг никогаш не одговорил на мејлот.