Женската одбојкарска репрезентација на Македонија ќе игра против Грција и Австрија во квалификациите за ЕП 2026 година кое ќе се одржи во Чешка, Шведска и Турција.
За првпат оваа година ЦЕВ репрезентациите ги подели исклучиво според рејтингот на националните репрезентации.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ ВО ЖЕНСКА КОНКУРЕНЦИЈА:
МАКЕДОНИЈА – Австрија (17/18 август 2024)
Австрија – Грција (24/25 август 2024)
Грција – МАКЕДОНИЈА (28/29 август 2024)
МАКЕДОНИЈА – Грција (2/3 август 2025)
Грција – Австрија (6 август 2025)
Австрија – МАКЕДОНИЈА (9/10 август 2025)




