Македонската ракометна репрезентација ги започна подготовките за двата пријателски натпревари против Романија, во рамките на ЕХФ неделата кои ќе се играат на 15. и 16. март во градот Браила.
„Романија е квалитетна селекција. Има и промена на селекторот, и носат една нова енергија. Ќе се обидеме да ја искористиме оваа недела. Целта е да им се даде поголема шанса на ракометарите кои немаат голема минутажа и да добијат искуство пред баражот против Фарски Острови. Романија е квалитетен тим и добар тест пред пресметката со Фарски Острови. Проблем за нас е тоа што останавме без Ненад Костески, Томи Јагуриновски и Филип Кузмановски поради повреди, па останува шанса да добијат останатите играчи“, изјави селекторот на нашата репрезентација Кире Лазаров.




