Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас оди на позајмица во италијанскиот прволигаш Торино до крајот на сезоната.
Новинарот Фабрицио Романо пренесува ексклузивна вест дека договорот е веќе постигнат и само се очекува официјалната најава на трансферот.
Елмас во првиот дел од сезоната во Бундес-лигата одигра само шест натпревари за Лајпциг, додека Торино, според договорот, ќе може комплетно да го откупи Елмас за сума од 17 милиони евра.




