Македонскиот поп пејач Александар Тарабунов, на Божиќ, ја промовираше својата нова балада „Снегови“.
Самиот Александар е комплетен автор на песната, за која ги напиша музиката, текстот и аранжманот. Виолините за песната ги отсвире неговиот колега и пријател, композиторот и пејач Димитар Андоновски.




