Методија Столески од Струга и неговиот колега Спасен Силјаноски, заедно со својот состав „Престиж Бенд“, се на голема турнеја низ Австралија, каде што настапуваат пред македонската дијаспора. Турнејата, организирана од „Republika Entertainment“, вклучува повеќе градови, а еден од најзначајните концерти ќе се одржи токму на ден Велигден, во недела, 20 април, во Rockdale Ilinden Sports во Сиднеј.
Во пресрет на празникот, организаторите и уметниците донесоа благородна одлука – целата заработка од велигденскиот концерт, кој е веќе распродаден до последно место, ќе биде донирана на семејствата на настраданите жртви од трагичниот настан што неодамна го потресе градот Кочани.

Оваа гест на солидарност и човечност наиде на силен одек меѓу македонската заедница во Австралија, која со големо срце се вклучи во поддршката. Велигденскиот концерт не само што ќе биде празник за душата преку музиката на омилените изведувачи, туку и симбол на сплотеност и хуманост на македонскиот народ – без разлика каде се наоѓа.




