Ракометарите на РК Алкалоид продолжуваат со одличните игри во домашниот шампионат, забележувајќи уште една убедлива победа во плејофот. Овој пат, тимот триумфираше на гостувањето кај ГРК Охрид со 36:28, потврдувајќи ја својата форма и амбиции за самиот врв.
Најефикасен во редовите на Алкaлoид беше Игор Ѓорѓиев со шест постигнати гола, додека Мартин Серафимов придонесе со пет. Орјоникдзе беше најдобар стрелец во Охрид со 6 гола.
А веќе во недела (20 април), Алкалоид го очекува едно од најважните натпревари во сезоната – полуфиналето од Европскиот куп против норвешкиот РК Рунар Сандефјорд. Натпреварот ќе се одигра во салата „Автокоманда“ со почеток од 19:00 часот.




