Македонија е на праг за пласман на Европско првенство откако вечерва во полуфинале од Лига на нации го совладавме Косово со резултат од 2:1. Водството го отвори Кололи за 1:0 со автогол по шутот на Стефан Ристовски во 16 минута.
Косово се врати резултатски во 29 минута кога Хадероџај ја искористи конфузијата помеѓу голманот Димитриевски и стоперот Дарко Велковски за израмнување на 1:1. Првиот дел го завршивме со предност од 2:1 кога прекинот во 33 минута Барди со одличен центаршут го пронајде Велковски кој со глава го совлада Муричи.
Во второто полувреме се извршија голем број на замени падна темпото на игра, но затоа се ослободи голем простор двете репрезентации да имаат изгледни шанси за нов гол.
Македонија на неколкку пати имаше можност да го приведе мечот во мирна завршница но реализацијата затаи, а косоварите во судиското продолжение имаа шанса за израмнување, но Столе Димитриевски со одлични две паради го задржа резултатот на 2:1 за историска победа и влез во финале против Грузија за пласман на Европско првенство.