Во првиот полуфинален меч од Лига нации за пласман на Европско првенство, Грузија на домашен терен ја совлада Белорусија со минимални но сосема доволни 1:0 со голот од белата точка уште во седма минута преку Окриашвили. Ова беше единствениот гол на натпреварот и сега грузијците ќе ги вперат погледите на средбата помеѓу Македонија и Косово чекајќи го противникот во финалето.



