Фудбалската репрезентација на Македонија до 15 години запиша уште една победа над Косово. По триумфот во гостинството (0:1), младите надежи вчера на домашен терен во Скопје славеа со убедливи 4:1.
Македонските фудбалери прикажаа борбена и ефикасна игра, со што уште еднаш ја потврдија својата надмоќ во овие пријателски дуели.
Овој двоен триумф е одлична увертира за генерацијата што допрва ќе ја претставува Македонија во поважните младински натпреварувања.




