Џудо клубот „Дрим“ од Струга запиша нов голем успех на меѓународната сцена, освојувајќи вкупно шест медали на два натпревари одржани на 27 септември 2025 година.
На турнирот „Медијана Куп“ во Ниш, Србија, стружани освоија три медали:
- 🥈 Мила Стојмиловска – сребро
- 🥉 Мила Стојанова – бронза
- 🥉 Софија Ноческа – бронза
Истовремено, на „Рожаје Опен“ во Црна Гора, клубот го продолжи својот успех со уште три бронзени медали:
- 🥉 Енил Ајдиноски
- 🥉 Доријан Петкоски
- 🥉 Амар Бајрамоски
Покрај медалистите, одлични настапи имаа и останатите членови на клубот, кои иако не стигнаа до одличја, прикажаа квалитетни борби и голема борбеност.
Од Џудо клуб „Дрим“ истакнуваат дека овие резултати се само поттик за уште поголеми предизвици, а веќе наредниот викенд ги очекуваат нови натпреварувачки настапи.




