вторник, април 20, 2021
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Спортски колумни

Македонија ја спаси кожата го зачува достоинството

Предраг Јанчески ✏️ Предраг Јанчески
јануари 19, 2021
📁 Спортски колумни

Чиле на сите средби од Светските првенства и на контролните натпревари ни бил редовен ,,пациент” па таков беше случајот и на Мундијалот во Египет каде остваривме важен триумф од 32:29, победа која не носи директно во наредна фаза во група 4 и таму ќе се соочиме со репрезентациите на: Словенија, Русија и Белорусија. Каква ни беше играта, резултатите (против Шведска и Египет), посебно односот кон државниот дрес и случувањата директно на терен, двојно повеќе значење имаат бодовите против Чиле.

Ниту првото полувреме против јужноамериканците не навестуваше ништо добро по негативата од 17:16, а 17 голови за 30 минути против една селекција како што е Чиле е навистина лош статистички податок, кој ни прикажува јасна слика дека одбраната не функционира, а ракометарите не можат да наметнат своја игра и да ги контролираат случувањата. За среќа на голот го имавме Никола Митревски кој не оставаше во игра до самиот крај за позитивен резултат, а секако треба да се одбележи двата одранети седмерци во важни моменти на Мартин Томовски. Во фаза на напад неприкосновен кој друг ако не лидерот и капитен Кирил Лазаров.

Млад репрезентативец и дебитант кој покажа како треба да се носи репрезентативен дрес и да се презема одговорност е десното крило Ненад Костески. Крилото иако првиот удар го промаши секој нареден шут без респект на противникот го земаше и го реализираше во нов погодок. Своја одлична ролја имаше и Горан Крстевски по повредата на Марио Танкоски, одигра неколку квалитетни напади кои резултираа со постигнат гол, а во напаѓачките редови Филип Кузмановски беше рамо до рамо со капитенот Лазаров во второтото полувреме. Веќе е кажано и повторено е неколку пати и да се загуби не е крај на светот, но многу е важно начинот како да се загуби, односно, со коректна игра, со оставање срце на терен со достоинство и борба до самиот крај.

Се виде разлика кога во вториот дел репрезентативците прикажаа и се посветија на одбраната која веднаш резултира со стабилизирање на резултатот на семафорот и преземање на водството од ривалот па и нашите напади имаат повеќе опции како да се заврши акцијата. Освен што се пласиравме во наредна фаза тоа веднаш носи нов бенефит, односно го избегуваме пресидент купот кој се игра за пласман за најдолниот дел на табелата, потоа ни носи полесна ждрепка за наредни бараж или квалификациски натпревари. Во дуелите со Словенија, Русија и Белорусија дебитантите и сите останати што добија мала минутажа ќе имат можност да се надигруваат, да собираат искуство и знаење од супер силните европскси селекции. И за крај МОМЦИ ја спасивте кожата и го зачувавте достоинството.

ShareTweet
Претходна вест

Репрезентативните одбојкари добија заслужена премија од 20.000 евра

Следна вест

“Maкедонски” ПАОК со две победи во ЕХФ купот

Предраг Јанчески

Предраг Јанчески

Слични вести

Колумна: Европската Супер Лига е зло за европскиот фудбал
Спорт

Колумна: Европската Супер Лига е зло за европскиот фудбал

✏️ Епов Насе
19/Апр/2021
Брестовац: Медиумите и јавноста почнавте да им верувате  на младите
Спортски колумни

Данило го критикува Вардар, а играше со 6 странци кога го водеше Металург

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
21/Јан/2021
Нацијата згрозена и загрижена за бездушната репрезентација
Спортски колумни

Нацијата згрозена и загрижена за бездушната репрезентација

✏️ Предраг Јанчески
17/Јан/2021
Македонија ,,жртвено јагне” на системот што го има Шведска
Спортски колумни

Македонија ,,жртвено јагне” на системот што го има Шведска

✏️ Предраг Јанчески
15/Јан/2021
Следна вест
“Maкедонски” ПАОК со две победи во ЕХФ купот

"Maкедонски" ПАОК со две победи во ЕХФ купот

Последно

(ВИДЕО) Три хоум-рани, рекорд на кариерата и возбуда во Сан Диего

(ВИДЕО) Дуелот на ,,чорапите” во корист на Бостон

(ВИДЕО) Ефикасната трета третина доволна за триумф на Едмонтон

(ВИДЕО) Лејкерс поразени од водечкиот тим на Западот

Гечевски: Бајиќ е вистински избор за селектор

Ѓорѓески започнува интернационална кариера

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.