вторник, март 28, 2023
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Фудбал

Лука Станковски: Сакаме да играме и победуваме за Македонија

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
мај 29, 2022
📁 Фудбал

Младата репрезентација на Македонија до 21 година ги продолжува подготовките за претстојните предизвици од квалификацискиот циклус за пласман на Европско првенство што ќе се одржи во Романија и Грузија 2023 година.Избраниците на селекторот Драги Канатларовски денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски” го одработија третиот тренинг и фокусот максимално е насочен кон дуелот со незгодната селекција на Ерменија во рамките на групата Х од квалификациите.

Еден од најквалитетните играчи за врска на младата селекција на Македонија и член на турски Газиантеп даде краток осврт на досегашниот дел од подготовките, очекува Македонија да се покаже во вистинско светло на натпреварите со Ерменија и Украина.

Одработуваме одлични подготовки, денеска го имавме третиот тренинг, задоволен сум од тоа што го сработивме овие неколку дена, можам да кажам дека сме целосно фокусирани на натпреварот против Ерменија. Имаме одлична група на фудбалери која несомнено располага со квалитет, сакаме тоа да го покажеме на последните два меча против Ерменија и Украина. Има одлична енергија и голем колективитет помеѓу нас фудбалерите, што секако е добар знак. Штета што не освоивме повеќе бодови во овој квалификациски циклус, можевме да направиме многу повеќе на мартовските натпревари против Србија и Фарски Острови и да оствариме подобри резултати. Мора да гледаме напред, не очекуваат две нови тешки средби, треба да го дадеме максимумот, да ја посакуваме победата повеќе од нашите противници и да бидеме фокусирано во текот на сите 90 минути. Да одиграме квалитетно, борбено и тимски. Сакаме со победа да го заокружиме овој квалификациски циклус и подготвени да го дочекаме новиот. Секогаш е огромна чест и задоволство да се игра за Македонија. Некогаш се победува, а постојат и денови кога не функционира онака како што сме очекувале. Најбитно е секогаш брзо да се издигнеме по остварен неуспех и лош резултат. Сакаме да играме и победуваме за Македонија.

Во првиот дуел од јунските квалификации, во Скопје гостува незгодната селекција на Ерменија. Натпреварот од 9. коло во групата Х од квалификациите, Македонија и Ерменија ќе го одиграат на тренинг центарот „Петар Милошевски”, на 2. јуни, со почеток од 17. часот.

ShareTweet
Претходна вест

Давид Бабунски: Привилегија е да се игра за Македонија

Следна вест

Николов: Кога доаѓаме да играме за македонската репрезентација, ништо не е тешко

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

Кифисијас го освои малото градско дерби против Илиуполи
Спорт

Кифисијас го освои малото градско дерби против Илиуполи

✏️ Епов Насе
27/Мар/2023
(ВИДЕО) Џилингем го порази Карлајл во последните мигови од натпреварот
Спорт

(ВИДЕО) Џилингем го порази Карлајл во последните мигови од натпреварот

✏️ Епов Насе
26/Мар/2023
(ВИДЕО) Стокпорт го остави Свиндон без ниеден шут
Спорт

(ВИДЕО) Стокпорт го остави Свиндон без ниеден шут

✏️ Епов Насе
26/Мар/2023
(ВИДЕО) ,,Петарда” на Ексетер против Акрингтон Стенли
Спорт

(ВИДЕО) ,,Петарда” на Ексетер против Акрингтон Стенли

✏️ Епов Насе
26/Мар/2023
Следна вест
Бобан Николов: Поквалитетни сме од Лихтенштајн, но треба да го покажеме тоа на терен

Николов: Кога доаѓаме да играме за македонската репрезентација, ништо не е тешко

Последно

Џудистите од Струга одлични на државното за јуниори и деца

(ВИДЕО) Локомотив ја спаси и втората ,,меч-топка” на ЦСКА Москва

(ВИДЕО) Голем пресврт во финишот на ИФК вреден за полуфинале

Кифисијас го освои малото градско дерби против Илиуполи

(ВИДЕО) Фенербахче брзопотезно му ,,пресуди” на Кизејбору

(ВИДЕО) Чизре во маратонски дуел ја совлада Бурса

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.