понеделник, ноември 16, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Спортски колумни

Луда куќа на фудбалот

Предраг Јанчески ✏️ Предраг Јанчески
мај 26, 2020
📁 Спортски колумни
Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

ФФМ односно фудбалската федерација на Македонија немаше никаков план и стратегија како да се продолжи после епидемијата со вирусот, па откако сите држави излегоа со свои предлози и критериуми, раководството на македонската федерација реши барем да препише дел од пропозициите. Но како и секој кој препишува на крај излегува дека не ја научил лекцијата и препишувањето го направил на погрешен начин.

Челниците и натпреварувачката комисија решија да продолжи првенството на средината на јуни, но ваков систем на натпреварување каков што е воспоставен се чини дека сме единствени во светот со таков начин на функционирање. Ќе се игра Плејоф и Плејаут, но во плејаутот ниедна од екипите нема да испадне од лигата, можеби ова е за верување или не, ама сепак е жива вистина.

Ако се нема стратегија и план барем ќе имаме еден куп глупи решенија на кои што светската фудбалска јавност слатко ќе ни се смее. Пред неколку дена клубовите имаа состанок со ФФМ, но прашање е дали на тој состанок разговараа за иднината на ПМФЛ или си разменуваа рецепти за слатки. Одлучено е во меѓудругото одигрување на четирите преостанати кола од третиот круг, а потоа преминување на одигрување на плеј-оф (првите шест екипи по завршување на третиот круг).

Првопласираните три екипи по крајот од плеј-офот се стекнуваат со право на учество во УЕФА европските натпреварувања. Плеј-аут (последно пласираните четири екипи по завршување на третиот круг) БЕЗ ИСПАЃАЊЕ на последните две екипи по крајот од плеј-аут фазата. Одигрување на Купот на Македонија со еден полуфинален натпревар и финален натпревар. Победникот од Купот на Македонија обезбедува пласман во УЕФА европските натпреварувања.

Сите натпревари ќе се играат без присуство на гледачи на стадионите, а ќе биде ограничен и бројот на присутни лица кои ќе бидат дел од организацијата на натпреварите. Исто така, фудбалерите, стручните штабови и сите други лица вклучени во тимовите, како и официјалните лица на натпреварите се обврзани да го почитуваат здравствениот протокол за одигрување на натпревари.

Екипите од Втора МФЛ нема да го продолжат натпреварувањето од сезоната 2019/2020, а Комисијата за натпреварување препорачува истото да го следат и тимовите од Трета МФЛ, како и останатите пониски лиги. Оваа веќе не е ,,Куќа на фудбалот” туку ,,Луда куќа на фудбалот”, која што со своите погрешни и скандалозни одлуки го носи фудбалот во пропаст.

Фото: https://ffm.mk/

Share20Tweet
Претходна вест

(Бундес лига) Томовски и Пешевски со одлични бројки

Следна вест

Волфсбург го „сруши“ Леверкузен со убедлива победа

Предраг Јанчески

Предраг Јанчески

Слични вести

МАКЕДОНИЈА СЕ ГОРДЕЕ СО ВАС МОМЦИ! Сите оставивте срце на терен
Спортски колумни

Цела нација како еден: Јануари повторно во знакот на Македонија!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
01/Јан/2026
10. дневна јагленохидратна суперкомпензација за време на интензивен натпреварувачки период кај играчите на шампионот Струга ТЛ (Научен труд)
Спорт

10. дневна јагленохидратна суперкомпензација за време на интензивен натпреварувачки период кај играчите на шампионот Струга ТЛ (Научен труд)

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
10/Ное/2023
Д-р Бојчески: Исхраната има важна улога во постигнување спортски резултати и одржување добра здравствена состојба на спортистот
ИНТЕРВЈУ

Д-р Бојчески: Исхраната има важна улога во постигнување спортски резултати и одржување добра здравствена состојба на спортистот

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
09/Јун/2023
ПРАКТИЧНА КАЛИУМСКА РЕМИНЕРАЛИЗАЦИЈА ВО ПОДОБРУВАЊЕ НА ГЛИКОГЕНСКАТА РЕСИНТЕЗА ПОСЛЕ ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ
Спортски колумни

ПРАКТИЧНА КАЛИУМСКА РЕМИНЕРАЛИЗАЦИЈА ВО ПОДОБРУВАЊЕ НА ГЛИКОГЕНСКАТА РЕСИНТЕЗА ПОСЛЕ ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
18/Апр/2022
Следна вест

Волфсбург го „сруши“ Леверкузен со убедлива победа

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.