Во првата средба од осминафиналето во Лигата на шампионите екипата на Порто го пречека Алборг и славеше со 32-29. Најдобар стрелец во тимот на Порто беше Итуриза со 8 голови, додека на голот блескаше нашиот Никола Митревски со 14 обрани. Кај Алборг, најдобар беше Бартолд со 8 погодоци.