Ракометарите на Вардар загубија со 27:41 од Веспрем во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите. После овој превисок пораз на Вардар реваншот од осминафиналето ќе биде само формалност.
ВАРДАР – ВЕСПРЕМ 27:41 (полувреме 11:21)
ВАРДАР: Ристовски (6 одбрани), Кантегрел (1 одбрана), Шеваљевиќ, Валчак 3, Јагуриновски, Стоилов 3, Димитриоски 1, Георгиевски 3, Дисингер 1, Јотиќ 4, Калараш 2, Гаџа 1, Чупиќ 8, Талески, Дибиров 1, Векиќ.
ВЕСПРЕМ: Коралес (13 одбрани, 1 семерец), Цупара, Манасков 4, Јахја 7, Мораеш 3, Тонесен 3, Нилсон 2, Маркусен 2, Лигетвари, Маргуч 8, Штрлек 1, Благотиншек, Шишкарев 2, Ненадиќ 3, Лекаи 2, Борозан 4.



