Aријан Адеми по победата на Македонија против четирикратниот светски првак Германија изјави:
“Голема победа за сите нас. Верувавме во тоа и заслужено победивме. Кога во нешто веруваш, тогаш можеш и да го оствариш. Имаме одлична генерација. Свесни сме за нашиот квалитет и тоа е најважно за нас. За нас беше значајно да им покажеме на сите дека може да победуваме и против големи репрезентации. Мислам дека сега ќе ни биде полесно против Австрија, Украина и Холандија на Европското првенство”.